Подарете книга за секоја пригода – купете во нашата Библиотека

Подарете книга за секоја пригода – купете во нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 11 Oct 2022

12 октомври, 2022 г. 

Во октомври – Месецот на книгата Ви предлагаме:
За роденден и за многу други убави поводи купете и подарете книга.
Во нашите витрини ве чека разновидна литература од домашни и странски автори.
Книги од едицијата 130 тома македонска книжевност по цена од само 157 денари примерок.
Книги од едицијата Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа ( различна цена по примерок )
Ѕвездите на светската книжевност ( различна цена по примерок )

Доколку на некој Ваш гостин, пријател или деловен партнер сакате да го израдувате и изненадите со книга од познат македонски автор преведена на англиски јазик од едицијата 130 тома македонска книжевност го имаме и тоа. Цената по примерок е 473 денари.

Изложбениот оддел за книги кои се продаваат а се дел од проектот на Министерството за култура за вас е отворен од 9.00 до 15.00 часот.
Дојдете, видете и купете.

ДОПОЛНИТЕЛНО ЛИНК ДО НАШАТА ЦЕЛОКУПНА ПРОДАЖНА ПОНУДА

Списоци со цени – продажба на публикации од капиталните едиции

НУ Библиотека