Ја почнавме кампањата меѓу учениците за зачленување и читање лектири

Ја почнавме кампањата меѓу учениците за зачленување и читање лектири

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 06 Oct 2022

6 октомври 2022 г. 

Вчера на Светскиот  ден на учителот библиотекарите од  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнаа промоцијата на библиотечните услуги во основните и средни училишта што ќе се одвива во текот на цел октомври кој е и Месец на книгата.  

Првата презентација беше во двете смени меѓу ученици од ЕМУЦ Св. Наум Охридски. Денеска нашите библиотекари се во ООУ „Христо Узунов“ а утре – петок во СОСУ „Кирил и Методиј“ Охрид.

Нашата Библиотека располага со богат фонд на белетристика , но и стручна литература од сите области.  Претходниот месец набавивме доволен фонд лектирни изданија за основно и средно образование.  Па така основците за само 200 денари годишно ќе можат да читаат задолжителни и слободни лектири.

Членарината за средношколците и студентите но и останатите возрасни читатели е 300 денари годишно.

Библиотеката нуди можност ученици  од социјално загрозени семејства да бидат зачленети бесплатно , со потврда од  Центарот за социјални работи како доказ дека примаат социјална помош.

Преку  посетата на училиштата, ссновците и средношколците ќе се поттикнат да станат членови на Библиотеката а за новите книги и сите останати настани во библиотеката освен преку медиумите  ќе можат да прочитаат и преку социјалните мрежи.

НУ Библиотека