
Заеднички настан со колегите од Штип и заедно со ученици од ОУ Братство – Единство“ го одбележавме Светскиот ден на мирот
23 септември, 2022 г.
На 21 септември во Прличевата одаја во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид организиравме два настани заедно.
Беше отворена изложба на Верче Андонова – 10 по ред и на Невенка Митева од ЦПЛИП „Порака“- Штип. Настанот беше дел од годишната програма за работа на нашите колеги од НУУБ „Гоце Делчев“ од Штип а финансиски поддржани од Министерството за култура.
По отворањето на изложбата со пригодна програма и рецитации го одбележавме 21 Септември – Меѓународниот ден на мирот.
Во тоа ни помогнаа ученици од македонските, албанските и турските паралелки од ОУ „Братство – Единство“ од Охрид заедно со нивните одделенски наставнички.
Иницијатор за овој настан беше познатиот хуманист Живко Поповски – Цветин а Александар Грујоски, син на внук на Цветин на училиштето во кое учи му подари цветна порака која треба да краси некоја нивна просторија.
Свој , спонтан настан со песни прифатени од сите присутни имаше естрадниот уметник Драган Мијалковски, е и хуманитарец и голем активист во првата Детска амбасада „Меѓаши“ а децата од пред библиотеката со балони и на нив прикачени пораки симболично ја испратија пораката за љубов и мир во светот.
: https://www.facebook.com/profile.php?id=100006059161923
Опширна фотогалерија побарајте на нашата ФБ страница
НУ Библиотека