Ученички од Холандија волонтираа во нашата Библиотека

Ученички од Холандија волонтираа во нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 22 Sep 2022

23 септември, 2022 г. 

Долгогодишната соработка меѓу гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид  и училиштето КСГ од Апелдорн продолжи и деновиве,а меѓу поддржувачите беше и нашата установа. 

Од 14 до 21 септември во Охрид престојуваа 24 ученици и двајца професори од Холандија и повторно се дружеа со учениците од охридската гимназија. Во рамките на посетата, гостите имаа прилика да ги проверат стекнатите знаења за македонската азбука, да научат некој збор од македонскиот јазик и да стекнат претстава за начинот на живот во Македонија преку волонтерски активности во низа установи и компании.

Една од нив беше и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Кај нас волонтираа трите другарки и сокласнички Софи, Јулија и Дан.

Тие од колегите и директорот беа запознаени со работата на нашата установа и патот на книгата од мигот кога новото издание ќе стигне во библиотеката преку обработката и одделот за зајмување. Нивната ангажираност и дружба со библиотекарите е најдобро илустрирана преку фотографиите.

Младите Холанѓанки ги почестивме со охридски ѓеврек и македонскиот специјалитет ајвар.

Ова беше ново заедничко искуство и за гостинките и за нас како домаќини. Библиотеката е отворена за вакви и слични соработки во иднина.

НУ Библиотека