„Деница“ од Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ го одбележаа Светскиот ден на Алцхајмеровата болест

„Деница“ од Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ го одбележаа Светскиот ден на Алцхајмеровата болест

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 21 Sep 2022

21 септември, 2021 г. 

Светот денес го одбележува светскиот ден на Алцхајмеровата болест или како уште ја нарекуваат тивок крадец на спомените.

Кон одбележување на овој ден , а со цел подигнување на свеста  за нејзиното постоење , се приклучија членките на Лајонс Клуб ,,Деница“ -Охрид кои на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и подарија неколку примероци од книгата ,,Кога мама заборави дека ме сака “ од авторката Драгица Русевска -Христова.

Книгата претставува биографско дело посветено на нејзината мајка , а е наменета за сите кои во семејството имаат болен од Алцхајмер или некој друг вид деменција.

Предговорот на делото е напишан од Габриела Новотни, д-р по медицински науки, невролог на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје.

Книгата која е лична приказна за семејството , љубовта , борбата , за тоа како треба , а како не треба кога овој тивок крадец на спомените ќе влезе во Вашиот дом од денес е достапна за читателите во нашата библиотека.

Секој осми пациент над 65 години којшто се јавува кај матичниот лекар може да има деменција. Алцхајмеровата болест е епидемија на 21 век, вели лекарската статистика.

Се предвидува дека близу 47 милиони луѓе живеат со деменција во светот денес, со околу 10 милиони нови случаи дијагностицирани годишно. До 2050-та година бројот на лица кои ќе живеат со деменција е проектиран да достигне дури  до 130 милиони.

НУ Библиотека