Промоција на монографијата „Ова е мојот живот“ од Иван Трпоски

Промоција на монографијата „Ова е мојот живот“ од Иван Трпоски

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 23 Aug 2022

24 август, 2022 г.

Утре – четврток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана монографијата „Ова е мојот живот“од познатиот македонски писател и поет Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија. Промотор ќе биде д-р Димитар Пандев.

Издавач на монографијата е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј а по повод 80 роденден на Трпоски, одбележан на 21 јуни, годинава.

„Ова е мојот живот“на цели 520 страници на македонски и на англиски јазик содржи текстови кои се значаен прилог кон осветлување на голем број аспекти од животната, историската, иселеничката и творечката вистина за поетот, писателот, библиотекарот, општественикот и ентузијастот Иван Трпоски.  Делото претставува интересна  страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис на Трпоски од неговото родно Волино до Сиднеј, Австралија, но и во пошироките  простори  на петтиот  континент.

НУ Библиотека