
Отворена изложбата на Мајкл Клос „Сликарството на патот на хуманоста“
Posted by Milco Jovanoski in Актуелно
18
Aug
2022
18 август, 2022 г.
Во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од вчера е отворена за посета самостојната изложба на канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос под наслов: „Сликарството на патот на хуманоста“.
Изложбата ја отвори и за творештвото на Клос говореше познатиот охридски уметник и филмски критичар Ѓоко Симјаноски.
Публиката десеттина платна на канадскиот уметник Клос изложени во Библиотеката ќе може да ги види и денеска – четврток и утре – петок во терминот од 9 до 15 часот.
Повелете во светот на книгите и почувствувајте ја енергијата и пораките од колоритните сликарски платна.
Се’ заедно е уметност на живеењето!
НУ Библиотека