Учесници на 43. „Детски лирски треперења“ ја посетија нашата Библиотека

Учесници на 43. „Детски лирски треперења“ ја посетија нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 09 Aug 2022

9 август, 2022 г.

Околу петнаесеттина  деца – млади поети и нивните ментори предводени од познатиот македонски писател за деца Горјан Петревски вчера беа во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Директорот на библиотеката м-р Милчо Јованоски ги запозна гостите со историјатот и моменталните преокупации на установата а посетата беше искористена и за мал портрет на најчитаниот македонски детски автор Петревски.

Учесниците  на 43. Детски лирски треперења“ ги прочитаа и своите најнови поетски творби а со помош на советникот – библиотекар м-р Мариче Боздоганова и библиотекарот Елена Станковска ја разгледаа и библиотеката.

На тридневниот поетски камп учествуваат деца од Тетово, Скопје, Охрид, Радовиш, Жировница, Колешино и Врапчиште.  Манифестација „Детски лирски треперења“  е во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и се одржува во одморалиштето „Радости“ во Охрид.

НУ Библиотека