Нови пет наслови кои се хит ова лето

Нови пет наслови кои се хит ова лето

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 19 Jul 2022

20 јули, 2022 г. 

Неделната понуда на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид овој пат е спој од издавачките програми на „Книгохоличари“ и „Сакам книги“.

На одделот за зајмување може да ги побарате следните наслови:  „Десет мали воздишки“ од А.К. Такер, „Господин неподнослив“ од Вај Киленд и Пенелопи Вард,  „Малата пациентка“ од Шерон Болтон, „Ме сака, не ме сака“ дело на Сара Донзил и „Улицата на бродовите“ од Сара Џио.

Потсетуваме дека и ова лето библиотеката со корисници работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 16:00 часот а годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

До крајот на неделава во Библиотеката се одвива Летниот саем на книги во ладовина а функционира и 24 часа отворената бесплатна библиотека наменета пред се’ за странските туристи.

НУ Билиотека