Нови наслови од издавачот „Книгохоличари“

Нови наслови од издавачот „Книгохоличари“

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 14 Jul 2022

14 јули 2022 г. 

Од денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да ги побарате следните пет нови наслови од издавачот „Книгохоличари“:

 

„Од сирак до ѕвезда“ од Мерлин Монро, „Првата жена фараон“ од Полин Геџ, „Француската куртизана“ од А. Г. Морган, „Љубовно писмо до Виски“ од Кенди Стајнeр и „Мајски рози“ од Дот Хачинсон.

Зачленувањето во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари за една година.

Библиотеката со читатели овој летен период работи од понеделник до петок од 8 и30 до 16 часот.

Годинава за прв пат веќе функционира и 24 часа  отворената библиотека наменета за туристите а е лоцирана пред влезот на одделот за зајмување. Во неа може да се зајмат но и да се донираат книги. Ова  е понуда плус за посетителите на Охрид .

Во понудата  има книги од македонски автори, но и белетристика на англиски, германски и други јазици.

НУ Библиотека