Промоција на романот „Надеж“ од роднокрајниот автор Ване Николоски

Промоција на романот „Надеж“ од роднокрајниот автор Ване Николоски

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 12 Jul 2022

12 јули,2022 г.

Утре 13 јули, во НУ  Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Надеж“ од Ване Николоски, наш роднокраен автор од Австралија – писател и голем љубител на природата и својот Охрид.

-Часовите искористени во пишување и читање, најмногу ме исполнуваат. Пишувањето, креирањето на карактери, настани, места, емоции се моја душевна храна без која не можам да функционирам нормално. Романот „Надеж“ е една универзална приказна за љубовта, доблеста, пожртвуваноста и надежта – вели авторот Николоски.

Утре во 12 часот романот „Надеж“ ќе го промовира писателот Мирко Томовски, а свое видување на романот ќе даде и библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска, која беше меѓу првите читатели кои имаа можност да го прочитаат.

Водител на промоцијата и наратор ќе биде Елизабета Бојчевска,вработена во библиотеката.

НУ Библиотека