
Изложба на книги од роднокрајни автори родени во јули
Posted by Milco Jovanoski in Актуелно
04
Jul
2022
4 јули, 2022 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја продолжува традицијата за одбележување на родендените на писателите чие творештво е дел од роднокрајното одделение.
До крајот на овој месец во влезот на одделот за зајмување во библиотеката можете да видите и позајмите дел од богатото творештво на авторите родени во јули.
Тоа се: Ацо Силјаноски, Јошко Србиноски, Розе Костеска, Љупчо Милковски, Ило Кафеџиски – Кафе, Томислав Тунтев.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ да потсетиме е библиотека од отворен тип со читална и летово работи од 8 и 30 до 16 часот.
Годишната членарна за ворасни е 300 а за деца 200 денари.
НУ Библиотека