Информациите од јавен карактер може да ги видите на следите линкови:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЈУЛИ 2024
Инструкции, Прилог 1, Прилог 2 ПО ЈАВЕН ПОВИК ЈУЛИ 2024
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА РАСХОДОВАНИ ДВИЖНИ СТВАРИ
Биланс на приходи и расходи – буџетска 2023
Биланс на состојба – буџетска 2023
Биланс на состојба – сопствена 2023
Годишен-план-за-Јавни-набавки-за-2022-г.
Биланс-на-приходи-и-расходи-сопствена
Биланс-на-приходи-и-расходи-буџетска 2022
ПРАВИЛНИК НА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА – НУ БИБЛИОТЕКА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ ОД 02.03 2022
Листа-на-информации-од-јавен-карактер
интерна процедура за спроведување на постапките за јавни набавк
Годишен план за спречување на корупција во националната установи
ПРИЛОГ бр. 31 – ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ
ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОВИД-19 ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ВО БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ДРУГИ ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ, ПОТРЕБНО Е ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:
- Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето;
- Одржување на потребното физичко растојание;
- Обезбедување честа дезинфекција на рацете и
- Редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот.
- Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.
- Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри. На влезот да се постави известување за посетителите за задолжително одржување на потребното физичко растојание меѓу посетителите и меѓу посетителите и вработените.
- Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100м² нето површина (површина предвидена за движење на посетителите, односно од бруто површината одземена површината на експонатите, мебел и друга опрема).
- Регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе.
- Задолжително да се одредат лица за контрола на спроведување на мерките пред влезот и во самиот објект.
- Пред билетарниците, да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува безконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорача on-line купување на влезници.
- Пред влезот на објектот, да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
- На видни места да се постават известувања за забрана за допирање на изложените експонати и површините со кои се заштитени експонатите. Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, треба континуирано често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол.
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
- Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.