- „Верувајте им на книгите. Тие се тивки кога има потреба, а гласни кога треба да ви го откријат светот што сте го барале.“ – Непознат автор
- „Ако ја читаш книгата којашто сите ја читаат, ќе го мислиш само она што сите го мислат“
- „Оној кој го контролира минатото, ја контролира иднината – оној кој ја контролира иднината го контролира минатото“ – „1984“, Џорџ Орвел
- Книгата е сон што го држиш во раце – Нил Гејман
- „Ако не успевате да уживате во една иста книга одново и одново, тогаш не постои потреба да читате воопшто“ – Оскар Валјд
- „Соба без книги е како тело без душа“ – Цицерон
- „Добрите книги не ги издаваат сите нивни тајни оддеднаш“ – Стивен Кинг
- ПЕТ ЧЕКОРИ ДО СРЕЌАТА : Зборувај помалку ,ЧИТАЈ повеќе Суди помалку, ЧИТАЈ повеќе Жали се помалку, ЧИТАЈ повеќе Стравувај помалку ЧИТАЈ повеќе Мрази помалку, ЧИТАЈ повеќе
- „За да можеш да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.“- Хемингвеј
Директор
Директор
Гордана Змејковска
Контакт: 046/262-064 и 046/264-838
Имејл: biblioteka_ohrid@yahoo.com
- Директорот ја води работата во Библиотеката.
- Ја застапува библиотеката и одговара за нејзиното материјално и финансиско работење за законитоста и економичноста на работата.
- Донесува годишна програма за работата на Установата по претходна согласност на Управниот oдбор.
- Ги извршува одлуките на Управниот oдбор
- Донесува акт за организација и систематизација на работните места и акт за распределба на плати.
- Донесува акти во врска со работниот однос на вработените согласно со закон.
- Избира и разрешува раководители на сектори.
- Формира повремени и постојани помошни и стручни органи и други советодавни тела и раководи со нив.
- Ја застапува и претставува библиотеката и во нејзино име склучува договори.
- Се грижи за правилно и навремено информирање на вработените и јавноста.
- Поднесува годишен извештај за работата на библиотеката.
- Одобрува службени патувања во земјата и во странство.
- Раководи со организирање и спроведување на подготовките за одбраната.
- Издава упатства и донесува наредби, решенија и други поединечни акти.
- Врши и други работи согласно со закон и статут.