- „Верувајте им на книгите. Тие се тивки кога има потреба, а гласни кога треба да ви го откријат светот што сте го барале.“ – Непознат автор
- „Ако ја читаш книгата којашто сите ја читаат, ќе го мислиш само она што сите го мислат“
- „Оној кој го контролира минатото, ја контролира иднината – оној кој ја контролира иднината го контролира минатото“ – „1984“, Џорџ Орвел
- Книгата е сон што го држиш во раце – Нил Гејман
- „Ако не успевате да уживате во една иста книга одново и одново, тогаш не постои потреба да читате воопшто“ – Оскар Валјд
- „Соба без книги е како тело без душа“ – Цицерон
- „Добрите книги не ги издаваат сите нивни тајни оддеднаш“ – Стивен Кинг
- ПЕТ ЧЕКОРИ ДО СРЕЌАТА : Зборувај помалку ,ЧИТАЈ повеќе Суди помалку, ЧИТАЈ повеќе Жали се помалку, ЧИТАЈ повеќе Стравувај помалку ЧИТАЈ повеќе Мрази помалку, ЧИТАЈ повеќе
- „За да можеш да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.“- Хемингвеј
Информации од јавен карактер
Информации од јавен карактер
Информациите од јавен карактер може да ги видите на следите линкови:
ПРИЛОГ бр. 31 – ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ
ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОВИД-19 ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ВО БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ДРУГИ ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ, ПОТРЕБНО Е ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:
- Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето;
- Одржување на потребното физичко растојание;
- Обезбедување честа дезинфекција на рацете и
- Редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот.
- Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.
- Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри. На влезот да се постави известување за посетителите за задолжително одржување на потребното физичко растојание меѓу посетителите и меѓу посетителите и вработените.
- Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100м² нето површина (површина предвидена за движење на посетителите, односно од бруто површината одземена површината на експонатите, мебел и друга опрема).
- Регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе.
- Задолжително да се одредат лица за контрола на спроведување на мерките пред влезот и во самиот објект.
- Пред билетарниците, да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува безконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорача on-line купување на влезници.
- Пред влезот на објектот, да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
- На видни места да се постават известувања за забрана за допирање на изложените експонати и површините со кои се заштитени експонатите. Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, треба континуирано често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол.
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
- Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Општи податоци – листа на информации од јавен карактер (PDF)
- Правилник за внатрешна организација на Нaционална Установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид (PDF)
- Правилник за систематизација на работните места во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид (PDF)
- Организациска поставеност – органограм (PDF)
- Услови за користење на библиотечниот материјал (PDF)
- Кодекс за административни службеници
- Одлука за утврдување на износот за користење на библиотечниот материјал
- Правилник за користење и чување на библиотечен материјал