За библиотеката

Почетоците на библиотечната дејност во Климентовиот и Прличев град датираат многу одамна уште од 19. век, кога охридскиот терзија Ангел Групчев за кого Прличев рекол дека е “најучениот тогаш маж“, во својот дуќан во охридската чаршија, отворил читалиште кое привлекло големо внимание и предизвикало интерес кај граѓаните.

Како интелектуален кадар , кој во 1830 година завршил класно училиште во реонот “Кошишта“, Ангел Групчев својот дуќан го претворил во центар на народната писменост, особено што важел за писмен човек кој знаел да чита и пишува црковнословенски и кој ја ширел меѓу учениците просветата и културата.

Во 1885 година во Охрид било формирано културно-просветно друштво “Свети Климент“ во кое членувале голем број младинци и неколкумина граѓани со цел да се развива културно-просветната дејност кај населението, да ги собира младите и да ги помага сиромашните ученици.

Бидејќи без книга не било можно ширење на просветата и културата Друштвото формирало своја библиотека во која биле застапени дела од руски автори: Пупшкин, Лермонтов, Достоевски и други а можеле да се најдат и периодични публикации: весници и списанија, кои редовно ги користеле членовите на библиотеката.

Издржувањето на друштвото било исклучиво од членарина и од доброволни прилози на граѓаните што не било доволно за обновување на книжниот фонд на библиотеката. Единствено решение во тој момент друштвото гледало во обезбедување сопствени средства, кои би овозможиле издржување на друштвото, помош на сиромашните ученици и збогатување на библиотеката со книги и периодични публикации. Тогаш го замолите познатито и најдобар цртач во Охрид, Климе Заро, да нацрта карта на градот и Езерото, и со дел од продажбата на картата да се купат книги за библиотеката. По изработувањето, картата била продадена во Германија, Бугарија, Русија а со дел од средствата била обезбедена дејноста на библиотеката и биле набавени книги за сиромашните деца.

За време на српската управа 1912-1915 година постоела народна библиотека која била издржувана од српското началство. Подоцна, за време на кралството Југославија, работела Градската библиотека која ја продолжила својата дејност и за време на бугарската окупација, прво во куќата на Кире Главинче каде што работеле: Радослав Петковски,Перо Лештар, Димче Маленко и Никола Чудо. Потоа ги користеле просториите на забавачницата во близина на Црквата Св. Климент. Во 1941 год. во библиотеката секоја вечер биле оддржувани литературни средби и матинеа. Веднаш по ослободувањето била формирана библиотека со 315 книги при поверенството за информации, а во 1945 година библиотеката броела 842 книги.

Со самото формиране на библотката се наметнало прашањето за запишување на книгите во инвентарни книги и приспособување на старите книги за користење. Заради средување на библиотечниот фонд биле купени печат и штембил со што било овозможено да е видлива сопственоста на сите книги, весници, списанија и книжен фонд

Збогатувањето на книжнот фонд било грижа на градскиот народен одбор кој издвојувал посебни средства за купување книги.Во фондот на библотеката влегле и подарените книги од резбарското училиште и од Гимназијата во Охрид, претежно книги на бугарски јазик Напоредно со стручната работа , библиотеката својата активност ја насочила кон постојано обучување на библотечниот кадар.

Во 1952 г. библиотеката како засебна институција работела во рамки на театарот. Колку што одминувале годините толку повеќе се зголемувал интересот за читање особено кај помладата популација,со што несомнено се наметнала потребата за посебно Детско одделение. Во 1956 г. била отворена детска библотека а посебен придонес во нејзината организација дала Вера Групчева.

Библиотеката по ослободувањето во 1945 година во куќата на Перо Божиноски – Брашнарот

Со донесување на законот за библотечна дејност во Македонија и со прогласување на Градската библотека за матична од страна на Собранието на општина Охрид библиотеката е обврзана да се грижи за проширување на библиотечаната мрежа и за унапредување на библиотекарството.

Од 1966 година во рамки на библиотеката се формира Роднокрајно одделение. Покрај фондот од роднокрајни автори библиотеката располага со други фондови и збирки:редок библиотечен материјал,уникатен фонд, фонд на англиски,руски и бугарски јазик, фонд на академици и збирки за ликовни уметности, картографија, музички уметности и фотодокументација.

Библиотеката во куќата на Ѓурчиновци 1965 година

Охридската библиотека повеќе пати го менувала просторо во кој функционирала. Во време на бугарската окупација, библиотеката била сместена во забавачницата веднаш до црквата св.Климент, После ослободувањето 1945 год. работела во куќата на Перо Божиновски Брашнарот, Во 1965 год. работела во куќата на Ѓурчиновци

Најголемиот дел од своето постоење односно од 1965 до 2007 год. библиотеката функционирала во старата зграда . Меѓутоа во 2005г.Владата на РМ донесува оддлука за рушење на оваа зграда, што неминовно наложува и потреба за иселување на библиотеката. Оваа одлука е реализирана во 2007 год. па од тогаш библиотеката функционира во просториите на ул.

Македонски Просветители бр.2. Во 2013г. со одлука на Владата на Р.Македонија на библиотеката и е доделен просторот во кој функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.

Патронен празник

Патронен празник на Библиотеката е 6-ти февруари, ден кога починал познатиот охридски писател Прличев. На овој ден, секоја година, Библиотеката ги организира „Прличевите беседи“ и ја одржува традиционалната Охридска визита. Преку дводневни чествувања со присуство на истакнати македонски писатели и лица од културниот и општествениот живот во градот, Библиотеката го слави името и делото на лавроносецот Прличев, истакнат македонски писател и преродбеник од ХIХ век, кој во 1860 година со поемата „Сердарот“, ја освоил наградата за најдобра поема на традиционалниот конкурс кој секоја година се одржувал во Атина.

 

Григор Прличев

 

Фонд на книги

Фондот на книги со кои располага Библиотеката е 150.000 библиотечни единици, но овој број постојано се зголемува со донации од Владата и некои организации, а се зголемува со финансиска помош на Министерството за култура на Република Македонија.

Основна дејност на Библиотеката е библиотечната дејност. Во рамките на оваа дејност библиотеката ги врши следните работи:

  • набавува, чува, стручно обработува, заштитува и дава на користење библиотечен материјал определен со законот за библиотеки
  • истражува, прибира, чува и обработува библиотечен материјал со својство на културно наследство и редок библиотечен материјал
  • изготвува и изработува каталози за библиотечниот материјал што се наоѓа во Библиотеката
  • врши библиографско-информативно-документарна дејност
  • подготвува и издава библиографии
  • врши научно-истражувачка работа од библиотекарството и информативните дејности
  • врши размена и позајмување на библиотечен материјал со други библиотеки и институции
  • врши заштита на библиотечниот материјал
  • врши и други работи предвидени со Законот за култура на Република Северна Македонија

Фонд на книги

Дополнителни дејности на Библиотеката се:

  • Издавачка дејност
  • Печатење и услужни активности во врска со печатењето
  • Трговија на мало со книги, весници и прибор за пишување
  • Други културни и рекреативни активности.

Средствата за работа Библиотеката ги обезбедува од:

  • Буџетот на Република Северна Македонија
  • Донации, фондови и подароци
  • Сопствени приходи

Дејност

Основна дејност на библиотеката е библиотечната дејност. Во рамки на оваа дејност библиотеката врши повеќе работи.

  • Набавува, чува, стручно обработува, заштитува и дава на користење библиотечен материјал определен со Законот за библиотеки
  • комплетира и под посебни услови обработува и чува архивски примерок од вкупниот книжен и некнижен библитечен материјал што се издава и печати во Република Северна Македонија
  • истражува, прибира, чува и обработува библиотечен материјал со својство на културно наследство и редок библиотечен материјал.
  • изготвува и изработува каталози за библиотечниот материјал што се наоѓа во библиотеката.
    -врши библиографско- информативно-документарна дејност
  • подготвува и издава библиографии
  • врши научно-истражувачка работа од библиотекарството и информативните дејности
  • ги проучува состојбите и потребите за развој на библиотечната дејност и дава препораки и предлози за нивно унапредување
  • се грижи за стручно усовршување на библиотекарските кадри
  • врши размена и позајмување на библиотечен материјал со други библиотеки и институции
  • соработува во меѓубиблиотечна размена и посредување на информации.
  • врши заштита на библиотечниот материјал согласно утврдените правила и стандарди за техничко заштитни мерики, за чување и заштита на библиотечниот материјал
  • микрофилмува, умножува и печати библиотечен материјал
  • врши дезинфекција на библиотечниот материјал
  • подготвува и издава публикации што произлегуваат од нејзината дејност
  • врши маркетинг во функција на библиотечната дејност
  • го промовира и афирмира библиотечниот материјал и движнотот културно наследство на Републка Северна Македонија, преку изложби, предавања, литературни читања, семинари и курсеви прикажување на филмови и други форми на дејствување
  • отуѓува библиотчен материјал од резервниот фонд на библиотеката
  • вклучување во заемниот библиографски систем и пристап на библиотечен материјал во електронска форма.
  • врши и дуги работи предвидени со Законот за култура, Законот за библиотеки и други прописи.

Покрај гореспоменатите библиотеката извршува и повеќе дополнителни дејности

  • Издавачка дејност
  • Печатење и услужни активности во врска со печатењето
  • Дејности на посредување во културата и дејност на објекти во културата и други дејности од областа на културата