×

Преведи ја страницата

Промоција на поемата “Екот на вековите” од авторот Мирко Томовски

03 февруари

Денеска во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид беше промовирана поемата “Екот на вековите” од авторот Мирко Томовски. Промотори на истата беа Зоран Јакимовски и Тоде Илиевски, а сегменти од делото читаше Маја Мојсова.

Се лажете ако мислите
дека ја погребавме песната

Пред нас е најновото остварување, поемата “Екот на вековите” од Мирко Томовски, дело вдахнато од собитија од создавањето па се до нашево време. Може да се нагласи дека неговото внимание е непоколебливо определено за се она што се нарекува културна трага на неговиот народ низ вековите, притоа не запоставувајќи ги сегашноста и иднината.
Авторот доброволно ја прифаќа задачата да проучува, толкува и пее, да тагува и да и се радува на татковината на која и припаѓа, изразувајќи и благодарност и принесувајќи и духовни дарови.
Издавачот подржувајќи го објавувањето на поемата, искрено ја препорачува како дело кое го заслужува вниманието на читателите.

Издавачот

Со промоцијата на поемата “Екот на вековите”во Охрид започнаа чествувањата за животот и делото на најистакнатиот охридски преродбеник и поет Григор Прличев.