06 јуни 2016
Во петок, 10 јуни во просториите на библиотеката ќе бидат промовирани изданија од едицијата “Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа”.
Промотор ќе биде Проф. д-р Виолета Ачкоска, а пред присутните ќе се обрати и директорот на библиотеката Александра Белевска.
Настанот ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ библиотека “Григор Прличев” – Охрид.
Со оваа промоција библиотеката започнува да го реализира проектот за “Промоција на изданија кои со одлука на Владата на Република Македонија и се доделени на библиотеката и се наменети за продажба”.
Проектот е поддржан од Министерство за Култура на Република Македонија.
Во следниот период библиотеката ќе ги промовира и другите едиции чии дела ги продава по поволна цена на читателската публика. Во иднина ќе бидат промовирани и дела од капиталните едиции “Ѕвезди на светската книжевност”, дел од едицијата “Македонски искушенија” како и изданија од едициите “130 тома македонска книжевност” и “130 тома македонска книжевност на англиски јазик”.