4 декември, 2019 г.
Нашата установа на пригоден начин со свеченост ќе го одбележи 8 Декември – Патрониот празник на Охрид – Св. Климент Охридски. Свеченоста ќе се одржи во петок на 6 декември.
06 декември ( петок ) 12:00 ч.
НУ БИБЛИОТЕКА „Григор Прличев“ – Охрид
СВЕЧЕНОСТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ НА ОХРИД- СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
– Пригодна реч за Св. Климент Охридски: проф. Татјана Дурнева
– Фото презентација: „Св. Климент Охридски и Охрид“
– Изложба на книги посветени на словенската писменост: „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“.
– Промоција на трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ.
– Прогласување на писателот Коста Фортомар од Охрид за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
– Настап на ученици од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид