18 октомври 2018
Утре, петок во 12 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со роднокрајниот автор – поетот Наум Трајчески кој долги години живее и твори во Квинбијан, Австралија.
Трајчески за стихозбирката „Одминато време“ годинава ја доби наградата „Стојан Христов” востановена од Агенцијата за иселеништво за најдобра книга од поет – иселеник од Македонија меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.
Издавач на „Одминато време“ е НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид .
На средбата на Наум Трајчески со читателите за неговото творештво и инспирација ќе говорат Тоде Илиевски и Милчо Јованоски.