×

Преведи ја страницата

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ 8 Март веќе пристигна

6 март, 2020 г. 

Традиционално Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и охридската библиотека „Григор Прличев“ Меѓународниот ден на жената го одбележуваат со креативна работлница во чии рамки најмладите од хартија изработуваат разни подароци за своите мајки, баби и сестри.

osmi nadvor nova

Денеска во Прличевата одаја на библиотеката заедно вработените од библиотеката и конзулатот дружеа и беа креативни со триесеттината ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“  од населбата Даљан.

osmi

Учениците од  второ, трето и петто одделение заедно со своите наставнички: Виолета Јанковиќ, Билјана Мишева и Лепа Михајлова не само што беа креативни туку отпеаа и песни посветени на 8 март.

osmi 1

osmi 2

Елена Обухова од почесниот конзулат на Русија во Охрид ни кажа дека 8 Март во нејзината земја е неработен ден.

osmi 3

osmi 4

osmi vnatre