×

Преведи ја страницата

Во нашата библиотека во рамките на “Струшки книжевни средби – 2019” промоција на поетска збир

3 јули,2019 г. 
Утре – четврток од 19 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“- Охрид во рамките на ,манифестацијата „Струшки книжевни средби“ ќе се одржи промоција на книгата „Небесна тишина“, поезија од Новица Соврљиќ.

Промотори ќе бидат: Петко Шипинкаровски и Даниела Андоновска-Трајковска а модератор на настанот: Милчо Јованоски.

novica

-Новица Соврлиќ ѝ припаѓа на поновата, современа српска книжевност, со заслужно високо место меѓу поетските предводници на српската литература и култура. Имапрепознатлив стил и се издвојува по непрегорот што го има и
носи кон грижата на своето семејство, љубовта кон домот и родното место – Ибарски Колашин и преданоста кон родната земја, вели  Петко Шипикаровски.

ovrlic

         Новица Соврлиќ е потпретседател на Здружението на писателите на Србија 
Според проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска„Небесна тишина“ од Новица Соврлиќ е песна за еден народ кој опстојувал низ вековите, за нашата мајковина и татковина,
за родната грутка, за земјата во нас самите, за небата под нас кои не сакаат да нѐ пуштат да влеземе, за обичниот честит човек кој најмногу знае со колкава радост се рони земјата низ
прстите кога е своја, за сестрите и браќата по крв и по земја…
Деветтото издание на средбите има исклучително богата програма и ќе трае до 6 јули и ќе се случува на повеќе локации во Струга, Охрид и Вевчани.