×

Преведи ја страницата

Викендов беа промовирани уште две книги во издание на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид

24 декември 2018

Вчера беше промовирана Монографијата “50 години КУД Ѓердан – Охрид” чиј автор е новинарот и публицист м-р Милчо Јованоски.

Викендов беа промовирани уште две книги во издание на НУ Библиотека "Григор Прличев" - Охрид

Идејата за формирање на КУД ЃЕРДАН од Охрид се родила 1967 година . Зародишот го прават познатиот музичар и подоцна диригент Наум Гаврилоски и тогашниот директор на „Охридско лето“ Миле Волканоски.

Викендов беа промовирани уште две книги во издание на НУ Библиотека "Григор Прличев" - Охрид

Друштвото официјално е регистрирано во април 1968 година и тоа е прво фолклорно друштво во Охрид. Од тогаш до денеска 50 генерации музичари и игроорци ја пренесле славата на македонската игра и песни низ светот.

Викендов беа промовирани уште две книги во издание на НУ Библиотека "Григор Прличев" - Охрид

-Тешко е да се води прецизна статистика на членовите а и на концертите но сигурно се мерат со неколку стотици.

На 10 годишнината од постоењето „Ѓердан“ го одржал 500 концерт во хотелот „Палас“а на 25 годишнината веќе бројат 4300 концерти посетени од над 3 милиони гледачи. Сега, 25 години потоа слободно таа бројка може да се дуплира, вели уметничкиот раководител на КУД „Ѓердан“ Методија Бараковски – човекот кој и денес е синоним за ова друштво.

Викендов беа промовирани уште две книги во издание на НУ Библиотека "Григор Прличев" - Охрид

-Токму, Монографијата е плод и круна на постоењето на друштвото кое и денеска егзистира и од кое излегоа голем број луѓе кои подоцна формираа нови друштва во Охрид.

КУД ЃЕРДАН воедно е бренд и на Македонија негови игроорци продолжувале во „Танец“ и ред други друштва за време на студирањето или отселувањето од Охрид.

Викендов беа промовирани уште две книги во издание на НУ Библиотека "Григор Прличев" - Охрид

Витрините се преполни со награди и признанија и спомени за едно време минато, но и за сегашноста во која ЃЕРДАН има задача и мисија младите да не ги заборават македонските корени, песни и традиции, додава Бараковски.

Монографијата на близу 100 страници преку пишан збор и многу фотографии на некој начин ја „оживува“ и зачувува историјата на друштвото. Издавач на монографијата е НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Завчера беше промовирана книгата „Како до црн појас?“ од тренерот по карате Боро Митрески Минта. 

Викендов беа промовирани уште две книги во издание на НУ Библиотека "Григор Прличев" - Охрид

Книгата излегува како резултат на идејата да се одбележи големиот јубилеј 40 години од основањето на првиот карате клуб во општина Охрид кој работеше под закрила на ГП „Трудбеник“ од далечната 1977 година, раководен од авторот на книгата а тогаш прв мајстор по карате во Охрид Боро Митрески.

Боро речиси  45 години живее со и за каратето,до пред неколку години беше професионално вработен во СВР – Охрид каде, како што ни рече ги поминал сите скалила во професијата почнувајќи од обичен милицаец позорникар се до Началник на илегална миграција, превенција, странци и реадмисија.

Рецензенти на книгата се: д-р Славе Пашоски и Ѓорѓи Тодороски. Издавач и на оваа книга посветена на каратето е НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.