23 август 2018
Средбите носат нови пријатели …
Вчера меѓу публиката и почитувачите на творештвото на Славе Николоски – Катин во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид беше и Ѓорѓи Лазаревски, истражувач и педагог од Битола.
Лазаревски на директорката Гордана Змејкоска и врачи по два примероци за библиотеката од Зборникот 13 од Пелагониските културни научни средби и од неговиот труд Педагошко – психолошка служба во Битола и Битолско ( 1973 – 2018 ). Во зборникот 13 поместен е и текст од Славе Катин.
Лазревски вети дека и натаму ќе сорабтоува со нашата библиотека и беше воодушевен од средбата и претставување на Катин од страна на промоторите и вкупната организација на настанот.
Фото: Емил Јовановиќ