2 јуни 2015
Во среда 3 јуни во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата “Бруклин“ на авторката Дамјана Видическа. Станува збор за роман издаден во рамки на проектот “Барајќи го она што е мое“ поддржан од Општина Охрид. Видическа е автор на книгите “Мојата фамилија“ издадена во 2009 година и “Седумте желби“ издадена 2011 година.
Промоцијата на книгата ќе започне во 13 часот и 30 минути во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев“ – Охрид.