×

Преведи ја страницата

Утре историски час во чест на 145 години од раѓањето на Кирил Прличев

27 февруари, 2020 г. 

Во организација на општина Охрид утре  – петок со Историски час во „Прличевата одаја “ во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде одбележана 145 годишнината од раѓањето на Кирил Прличев синот на поетот и преродбеник Григор Прличев.

кирил

За ликот и делото на Кирил Прличев, ќе говори  Климент  Спасески, проф. по историја од ОУ „Св. Климент Охридски’ – Охрид.

Кирил Прлчев е роден на 1 март 1875  во Охрид и починал во родниот град на 9 февруари 1944 година.

Во историјата е запишан како македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација и општественик во Бугарија. Прличев учествува на Солунскиот конгрес од 1896 година. Во 1923 година во Софија учествува во основањето на Македонскиот научен институт.

Од 1941 година па до смрта раководел со Охридскиот музеј, кога ги пронаоѓа моштите на Свети Климент Охридски.

Моштите на Кирил Прличев  се наоѓаат во дворот на црковниот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ (Св.Климент) во Охрид, положени во истиот гроб со оние на неговиот татко, Григор Прличев.

Настанот ќе започне во 11 часот и 15 минути.