Во кафететријата „Аквриус “ во Охрид од 10 до 14 часот секој којшто ќе напише стих ќе добие бесплатно кафе.
Од напишаните стихови Комисија составена од библиотеката и кафетеријата ќе ги одбере трите најдобри и авторите ќе ги награди со книги.
Со тоа НУ Библиотека „Григор Прличев“ и „Аквариус“ се приклучуваат на глобалната иницијатива, каде што со неколку ваши, кратки строфи можете да купите кафе.
Најважно е да се дружиме, да бидеме креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на вашето присуство, велат организаторите на овој несекојдневен настан.