31 октомври 2018
Вчера и денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше мошне живо. Со цел да се запознаат со дејноста и функцијата на библиотеката во посета заедно со своите одделенски наставнички беа ученици од третите одделенија од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Братство – Единство“. Наредниве денови во библиотеката ќе дојдат и останатите третооделенци од општинава, кои според наставната програма по македонски јазик имаат зацртано посета на една библиотека како институција.
Детските ведри и насмеани лица ни ветија дека наскоро и тие ќе станат наши редовни читатели.