×

Преведи ја страницата

Ученици од Охрид во проектот „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова Либ“

5 декември 2018

Деновиве во  НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид Здружението за иновации во библиотечното работење во чии рамки е и охридската библиотека се одржа еднодневна обука во која  средношколци од Охрид се вклучија во проект за  помош на младите при  изборот на студиите и нивна конкурентност на пазарот на труд.

Најчесто средношколците се неодлучни- дали и каде да го продолжат образованието? Оние кои сакаат да продолжат со учење најзаинтересирани се за студирање во странство.Ова е главниот заклучок не само од охридската туку и од останатите средби на организаторот со средношколците одржани низ Македонија.

Охридските средношколци како и ред други во Македонија ќе добиваат совети  како и каде по завршувањето на образованието преку проектот „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова  Либ“, здружение за иновации во библиотечното работење.

Во проектот е вклучена и охридската национална установа библотека Григор Прличев која ќе помага при  насочувањето на младите. Совети ќе се делат како да се тие снајдат на пазарот на трудот и како  да го изберат соодветното високо образование ? вели Јелена Петровска библиотекар – советник од Битолската универзиетска библиотека „Св Климент Охридски“ и претседател на УО на „Инова Либ“ од Радовиш.

-Младите ќе ги обучиме  како  најдобро да се претстават на пазарот на труд , а оние кои ќе студираат ќе ги насочиме  при изборот, посочува Петровска. Додава дека досегашното нивно искуство од контактите со младите од земјава покажало дека тие се многу неодлучни каде и  како да  дојдат до вистинските информации.

-Младите  имаат пристап до информциите, но  некако лутаат при изборот. Ние точно им ги посочуваме порталите  и информации кои се целни и каде тие можат да ги најдат информациите според нивните потреби. Во огромното море  информации за да добиете вистинска  информација ќе помогнат библиотеките кои ќе им дадат информации за да се направи правилниот избор“, напоменува Петровска.

Досегашните обуки со средношколци од регионот на Источна Макеоднија покажле дека младите се заинтерсирани за интерактивна соработка преку  проект „Креативни умови креираат иднина“ од  „Инова Либ“. Според Петровска најчесто поставувано прашање е како да заминат во странство?

-За жал можам  да кажам  само прашуваат како може да заминат во странство и таму да  запишат студии? Ние им сугерираме дека владата прави напори младите да ги задржи.Има изготвена национална стратегија за млади со која се сака младите да се задржат во земјата. Кажуваме дека има државни стипендии, на пазарот на трудот има многу дефицитарни занимања. Ги стимулираме младите да добиваат повеќе информации од нашата држава и дека може да се вработуваат и да напредуваат во кариерата и овде , дома“, вели Петровска. Се надеваме дека ќе успееме младите правилно да ги насочиме во изборот, а библиотеките од земјава активно ќе се вклучат во  давањето услуги како средношколците полесно да се снајдат во светот на информациите,  додава  Петровска.  Проектот „Креативни умови креираат иднина“ од  „Инова Либ“, здружение за иновации во библиотечното работење од Радовиш е финансиски поддржано од американската  амбасада во Македонија.