15 март, 2019
Свечено одбележување на 60 години живот и 40 години од излегувањето на Првата книга ( “Гравири “) на Славе Ѓорѓо Димоски
Беседник ќе биде проф. д-р Димитар Пандев . Стихови од творештвото на славеникот Димоски ќе читаат: Марина Димовска и Јован Цветкоски
Деновиве во издание на ПНВ Публикации од Скопје излезе книгата „Гравири – 40 години отпосле“, репринт изданието е проследено со нови критички согледувања од Венко Андоновски и Димитар Пандев.
Славе Ѓорѓо Димоски до денес објавил 18 одделни поетски книги од кои 5 за деца, осумнаесет оделни поеткси книги му се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.
За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.
Посетителите ќе можат да го купат репринт изданието на „Гравири“ а во Прличевата одаја ќе биде поставена и изложба на дела од Славе Ѓорѓо Димоски објавени на македонски и повеќе странски јазици.
Настанот ќе се одржи на 18 март – понеделник од 18 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид