29 јануари, 2020 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува традицијата со изложби на книги од роднокрајни автори кои слават роденден.
Јануари е богат со родендени и во „Прличевата одаја“ веќе е поставен избор на дела од славениците: Григор Прличев, Иван Точко, Видое Видически, Јован Котевски, Трајан Петровски, Славе Банар, Марија Младеновска и Димитар Димоски.
Заинтересираните изложбата ќе можат да ја посетат секој работен ден од 9 до 18 часот.