×

Преведи ја страницата

Се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ – 2018 во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид

26 октомври 2018

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари”.

На натпреварот учествуваа 15 ученици од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“,  „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“,  „Кочо Рацин“,  „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.

Резултатите од натпреварот ќе бидат познати во текот на следната недела, а најдобриот ученик ќе ја претставува општина Охрид на Републичкиот натпревар во Демир Хисар.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија.