2 ноември 2018
По повод „Месецот на книгата“ издавачот „Матица македонска“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од понеделник (5 ноември) до петок (9 ноември) во просториите на библиотеката организираат „Саем на книгата“.
На отворените штандови ќе има богат избор на книги со саемски попуст од неверојатни 20 до 30 проценти од редовната цена.
Влезот е бесплатен, а саемот во петте работни дена ќе биде отворен од 10:30 до 15:00 часот.