14 јуни 2016
На 10-ти јуни во просториите на НУ библиотека “Григор Прличев” – Охрид беше промовирана едицијата “Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа”. Промотор на оваа едиција која содржи 30 наслови од потврдени автори во современата светска наука беше Проф. Д-р Виолета Ачковска, која направи детална анализа за значењето на делата од оваа едиција од историски аспект.
Осврт за значењето на издадените капитални едиции во работата на библиотеката направи директорот Александра Белевска.
“Македонска Книжевност во 135 тома”, “Нобеловци” – 106 тома, “Ѕвезди на светската книжевност” – 650 тома, “Македонски искушенија” – 22 тома, “1000 учебници што се користат на најреномираните универзитети во светот” и др.
Ми претставува особена чест и задоволство да соопштам дека НУ библиотека “Григор Прличев” – Охрид, покрај тоа што ја остварува позајмната дејност, со одлука на Владата на Република Македонија од минатата година започна да врши продажба на дела од капиталните едиции:
“Ѕвезди на светската книжевност”, “Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа”, дел од едицијата “Македонски искушенија”, како и изданија од едициите “130 тома македонска книжевност” и “130 тома македонска книжевност на англиски јазик”.
Со претставувањето на оваа едиција, библиотеката го започна проектот “Промоција на дела од капиталните едиции кои библиотеката ги продава” поддржан од Министерство за Култура на Република Македонија.
Кличнете на сликите за да ги видите поголеми.