×

Преведи ја страницата

Промовирана 98 книга на академик Миќуновиќ „Црногорски шеги“

27 септември 2018

Промовирана 98 книга на академик Миќуновиќ „Црногорски шеги“

Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше промовирана книгата „Црногорски шеги“ од академик  д-р Миле Миќуновиќ, добро познат во нашиот и неговиов роден Охрид по својата секојдневна работа во „Свети Еразмо“, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија.

Промовирана 98 книга на академик Миќуновиќ „Црногорски шеги“

Миќуновиќ  во неговата докторска фела е познат по 400 научни и стручни трудови , 10 универзитетски книги  над 50 колумни во дневен печати стотина популарни статии напишани на веб порталот доктори мк. Почитуван меѓу колегите и ценет и баран од пациентите.

Промовирана 98 книга на академик Миќуновиќ „Црногорски шеги“

Во областа на литературата тој е вистински воркохолик ЦРНОГОРСКИ ШЕГИ е неговата 98  книга.

Од март годинава тој стана акдемик, член е на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург – Австрија.

Промотор на неговото најново дело беше м-р Милчо Јованоски.

Промовирана 98 книга на академик Миќуновиќ „Црногорски шеги“                                                                                     

-„Црногорски шеги“ содржи 466 шеги од и за Црногорците. Најголемиот дел од нив Миќуновиќ ги слушал од своите предци,другари и пријатели,  други ги доживеал и самиот а дел од нив ги пренесува во изворна форма објавувани во разни списанија и часописи.

Мене кај академик Миќуновиќ ме импонира неговата целосна посветеност кон секоја тема за која со љубов ќе се зафати да ја обработи. Така е и со шегите, навидум едноставно ама доволно комплицирано, со стравот дека  некој може  да ви се налути што правите шега на негова сметка во случајот на неговиот род..

Промовирана 98 книга на академик Миќуновиќ „Црногорски шеги“

Ова е време во кое не сакаме да се навредуваме , туку време да се пошегуваме и насмееме или како што вели самиот академик Миќуновиќ УЖИВАЈТЕ И СМЕЈТЕ СЕ, рече промоторот Јованоски и додаде:

 -Шегите, прочитав некаде се ментална хигиена на човекот. Прочистување на духот. Д-р Миќуновиќ тоа вешто го подредил во оваа збирка. Шегите за Црногорците се одамна познати не само овде меѓу нас на Балканот, туку и насекаде по светот кадешто живеат Црногорци. Работливоста во наводници, мрзеливоста, односот кон жената и воопшто кон животот се неисцрпна инспирација за вештите шегаџии кои од обичен разговор и анегдота ќе создадат шега која ќе се прераскажува со поколенија.

На Црногорците најчесто друштво им прават Србите а омилен град по многу нешта им е Белград. И денеска велат дека во Србија на власт – условно речено се Црногорците.

Неизостануваат шегите и споредбите со Босанците и со странците ама како лавина  која носи со себе се’ пред себе се тркалаат и најновите шеги со современа тематика. Во дел од нив во корелација се машко – женските односи, благата еротика и посебно сексот како дисциплина. Чекајте, за среќа во публикава немаме малолетни.

Пред присутните се обрати и авторот на книгата академик Миле Миќуновиќ кој рече:

Книгата „Црногорски шеги“ е збир од шеги или вистини, кој знае за Црногорците кои нашироко се раскажуваат со децении. Но, дали е се’ така како што изгледа на прв поглед.  Шегата и хуморот се една од најубавите работи на светот. Тоа е нешто што ни ја разгалува душата и ни предизвикува насмевка на лицето, ни го разубавува животот и ни овозможува сите тешкотии полесно да ги поднесуваме. Се плашам за секоја нација која нема виц за себе!, рече академик д-р Миле Миќуновиќ.