13 септември 2018
Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – (14.09.2018) петок во 12 часот во „Прличевата одаја“ ќе биде промовиран романот „Бел демон“ од Славко Илоски од Струга.
Според промоторот – писателот Тоде Илиески, се работи за успешна дебитантска објава на Илоски од жанрот – хорор, ретко застапен на овие простори.
Романот „Бел демон“е приказна за темната страна на животот и за лавиринтот од кој тешко се излегува.