11 ноември 2016
На 10 ноември во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид беше промовиран проектот “Звучна библиотека” – проект наменет за лица со оштетен вид.
Овој проект библиотеката во континуитет го работи веќе три години односно во 2014, 2015 и 2016 година. Преку овој проект девет книги комплетно се пренесени во аудио форма и истите на тој начин станаа достапни за лицата со оштетен вид, но и за сите луѓе кои книгите опфатени со овој проект сакаат да ги чујат во аудио форма. Станува збор за следниве наслови:
Книгите во аудио форма се обработени и достапни за јавноста.
На промоцијата библиотеката подари примероци од сите аудио книги на здружението на слепи лица од Охрид.
Проектот е финансиран од Министерство за Култура на Република Македонија, а е поддржан од Владата на Република Македонија.
Кликнете на сликите за да ги видите поголеми.