25 септември 2018
Утре, 26.09.2018 год. (среда) во 12 часот во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана најновата книга од академик Миле Миќуновиќ „Црногорски шеги“.
Книгата „Црногорски шеги“ е збир од шеги или вистини, кој знае за Црногорците кои нашироко се раскажуваат со децении. Но, дали е се’ така како што изгледа на прв поглед.
Академик Миќуновиќ во предговорот на книгата ќе напише: – Шегата и хуморот се една од најубавите работи на светот. Тоа е нешто што ни ја разгалува душата и ни предизвикува насмевка на лицето, ни го разубавува животот и ни овозможува сите тешкотии полесно да ги поднесуваме. Тоа се работи што се најдобар лек за нашата душа и нашето здравје. Затоа уживајте и смејте се што повеќе можете, зошто смеењето е здравје. Се плашам за секоја нација која нема виц за себе! , додава академик д-р Миле Миќуновиќ
Промотор на 98 издание на академик Миќуновиќ ќе биде м-р Милчо Јованоски, а промоцијата ќе се одржи во „Прличевата одаја“ на охридската библиотека.