×

Преведи ја страницата

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ – 2019

4 февруари 2019

На 5 и 6 февруари ( вторник и среда ) во чест на големиот македонски поет и преродбеник Григор Прличев во Охрид ќе се одржат традиционалните „Прличеви беседи 2019“

НУ Библиотека „Григор Прличев“ во одбележувањето на 126 годишнината од смртта на ловороносецот Прличев во општинската програма учествува со неколку настани. 

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ - 2019

Во вторник на 5 февруари во 12 часот во просториите на Библиотеката по повод јубилејот 30 години од манифестацијата ќе биде промовирана монографијата „Поетска ноќ во Велестово“. Промотор ќе биде д-р Димитар Пандев а организатор на настанот е Општина Охрид.

Ден потоа – среда, 6 февруари во 12 и 45 на бистата на Прличев пред библиотеката ќе бидат положени свежо цвеќе и ловоров венец. Беседа за бессмртниот Прличев и неговата поема „Сердарот“ ќе одржи секретарот на Друштвото на писателите на Македонија Мишел Павловски.

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ - 2019

Од 13 часот истиот ден во Прличевата одаја во библитоеката ќе се одржи Портрет  посветен на роднокрајниот поетот и писател Видое Видически.

Тој минатата година стана добитник на највисокото општинско признание наградата за животно дело  „Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид “ .

За неговото творештво ќе беседат: Горјан Петревски и Славе Ѓорѓо Димоски.

По портретот ќе биде прикажан 30 минутниот видео проект „Од животот на Прличев“ чиј автор е м-р Милчо Јованоски, вработен во библиотеката.

Чествувањата во знакот на Прличев во охридската библиотека ќе бидат заокружени со традиционалната Охридска визита.