8 февруари 2018
Во Охрид на 6 февруари пред 125 години престана да чука големото срце на нашиот Григор Прличев, поет писател еден од најпознатите од 19 век на овие наши простори. Прличев е човек кој почитувајќи го сопствениот завет да стане учен човек и потпирајќи се на својата дарба се искачи на највисокиот врв на книжевноста и ја освои славата како Втор Хомер.
Чествувањето на Прличеви беседи во библиотеката е традиционално, а одбележувањето на 125 годишнината е во рамките на Државната програма за одбележување на светли датуми и личности од нашата историја, наука и култура.
Сердарот се смета за апсолутен врв во неговото творештво, но зад него со речиси иста тежина остануваат: поемата Скендербег, превевот на Илијадата. неговата Автобиографија и неповторливите песни кои денес се актуелни 1762 лето. Охридскиот џган и ред други.