8 јануари 2019
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај деновиве во Охрид, Република Македонија, оствари средба со директорката на Национална установа Библиотека „Григор Прличев“ Гордана Змејковска. Во таа пригода, директорката на Библиотеката „Григор Прличев“- Охрид беше запозната со најновите активности на Друштвото, а беше истакната и потребата од соработка на полето на размена на сознанија и информации кои се однесуваат на Македонците во Албанија. Соговорниците беа согласни дека треба да се прошири соработката меѓу Македонско друштво ”Илинден” и Национална установа Библиотека „Григор Прличев“.
До тоа ќе дојде со зголемен број на истражувања, од страна на македонските научници во пределите во кои живеат Македонци во Република Албанија. На тој начин ќе бидат зачувани и овековечени македонските корени на населението, нивната традиција и историја. Со верба дека ваквите средби нема да бидат инцидентни, Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, посака плодна и долготрајна соработка со Национална Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и наскоро во архивата на библиотеката во Охрид ќе се најдат сите броеви од весникот „Илиднен“.