22 мај 2017
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација од Охрид, во чест на празникот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, организираат предавање на тема „Староруска азбука како молитва“.
Настанот ќе се одржи на 23 мај (вторник) во просториите на Библиотеката, а истиот ќе започне во 12 часот.