×

Преведи ја страницата

Писателот Коста Фортомар прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

8 декември, 2019 г. 

На 6 декември во „Прличевата одаја“ во пресрет на празникот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во рамките на пригодната свеченост на ќерката на охридскиот писател Коста Фортомар ( отсутен од здравствени причини) Весна Фортомароска и’ беше врачена благодарница за Фортомар со која библиотеката го прогласи за свој почесен член.

fortomar

Коста Фортомар роден е во Охрид во 1933 година во стара охридска фамилија. Основно училиште завршил во Скопје каде работел татко му, но кога почнува војната 1941 година се враќа во Охрид и го продолжува школувањето . Настапуваат тешки години. Рано го губи татко му. По завршувањето на основното училиште учи во Учителската  школа во Битола,а потоа на Виша педагошка школа-македонски јазик во Скопје . По завршувањето на вишата школа се вработува како референт за култура при општина Охрид. Потоа се префрлува во просвета и вонредно го завршува Филозофскиот факултет во Скопје . Се вработува во основното училиште Братство- Единство од каде и се пензионира.

Фотографија на Mile Micunovic.

Богатата охридска култура, природните убавини и љубовта кон пишаниот збор биле инспирација за неговото пишување. Почнал со козерии објавени во ,, Просветен работник”, потоа пишувал цртици и раскази. Учествувал на литературни конкурси кои го потстрекнувале да продолжи со пишување.На конкурсот на Радио Охрид  за најдобар расказ во 1977 година добил I награда за расказот ,,Билјана”  кој е печатен во весникот „Езерски глас” и во првиот број на списанието за литература ,,Спизалит”.

76710712_430313947645111_7801694761881960448_n

Неговите раскази биле објавувани во Нова Македонија во 1988 година добил III награда на конкурсот на подлистокот „ЛИК”.  Автор е на следните дела:  романот ,,Прличев горд самјак” (Радио-Охрид1992) и на збирката раскази ,,Бомба во рајот”(Mаседонија Прима,1995). Во 2004 г. во издание на „Летра“ се појавува неговиот роман „Жена“. Потоа во 2005 “Пролетта на Живко Чинго”; 2010 “Благословена земја Клументова”;  2015 “Езеро, рибари и боемот” сите во издание на Ирис-Струга.

Коста Формар живее и твори во родниот град.

Благодарницата – титулата почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ е востановена во август минатата година и досега ја добиле 12 познати охридски и македонски творци кои биле и се во соработка со библиотеката.