×

Преведи ја страницата

Охридската библиотека „Григор Прличев“ и култниот „Аквариус“ заедно за Сара

23 октомври

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно со кафе терасата „Аквариус“ од Охрид во среда (24 октомври) од 11 часот започнуваат со хуманитарната акција: „Ви даруваме книга, со љубов за Сара“.

Вработените во охридската библиотека за почеток на акцијата одбраа книги од сопствената издавачка продукција и наслови кои писателите при промоции и други поводи и ги подарувале на библиотеката.

Секој кој што ќе дојде во „Аквариус“ оваа среда ќе може да земе книга по сопствен избор,  ќе може да донира  пари кои се наменети за  младата Сара Настеска за нејзино лекување во Германија кое чини 200 000 евра.

Во среда од секое испиено кафе во „Аквариус“ ќе бидат одвоени посебни средства за Сара.

Охриѓани бидете хумани – дојдете на настанот –одберете книга, донирајте, напиете се кафе и пак донирајте за нашата Сара.

Охридската библиотека „Григор Прличев“ и култниот „Аквариус“ заедно за Сара