27 март 2018
Во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид одбележа 158 години од добивањето на “Ловоровиот венец” на конкурсот во Атина. На настанот се потсетивме на делови од творештвото на нашиот голем поет, учител, преродбеник.
Есејот “Мечта на еден старец” го прочитаа роднокрајната писателка Маја Мојсова и Симон Јаковлев ученик во средното училиште “Св.Климент Охридски”, а песната “О, кај си мила славеј птичка” ја прочита Тоде Илиевски која предизвика внимание и восхит кај посетителите. Охридските писатели Љупчо Милкоски и Трифун Ѓоргиески прочитаа стихови за Прличев, а Мирко Томовски и Смиле Наумоски зедоа збор за творештвото на Прличев.