7 јуни, 2019
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни до 30 август годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.
Во терминот од 08:30 до 16.00 часот читателите ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.
Од НУ Библиотеката „Григор Прличев“ информираат дека во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои во Охрид имаат подолг престој и одмор и сакаат да ги користат читаланата и останатите услуги на установата.