5 септември 2018
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги од први септември повторно е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30 часот.
Библиотеката постојано го обновува и збогатува книжниот фонд. Забрзано се работи и на набавката на новите лектирни изданија за основно образование. Тоа е причина повеќе за зачленување на нови членови.