19 март 2018
НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид ќе го одбележи светскиот ден на поезијата со претставување на дел од творештвото на роднокрајните поетеси на 21 март (среда) во 12:00 часот.
Секоја година на 21 март одбележуваме три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо Добредојде на пролетта и ќе си ги средиме работното место и домот во чест на денот на екологијата, ќе го прославиме и Светскиот ден на поезијата.
Одлуката токму 21-ви март да се прославува како Светски ден на поезијата е усвоена од УНЕСКО во Париз 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поети кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.