×

Преведи ја страницата

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 50 години од творештвото организира Книжевна средба со Смиле Наумоски Брсјак, поет, писател и есеист од Охрид

26 ноември 2018

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 50 години од творештвото организира Книжевна средба со Смиле Наумоски Брсјак, поет, писател и есеист од Охрид. Модератор ќе биде Милчо Јованоски,а стихови од Смиле Наумоски Брсјак ќе чита Маја Мојсова.

Средбата ќе се одржи во среда на 28 ноември во 13 и 30 часот во Прличевата одаја.

Смиле Наумоски – Брсјак е роден на 2 мај 1951 година во село Годивје, Охридско. Средно образование завршил во Охрид,а Филолошки факултет во Скопје. Неговите поетски почетоци датираат уште од средношколските години,кога бил активен член на литературниот клуб при Градската библиотека во Охрид  и добитник на единствената доделена втора награда на литературниот конкурс за најдобро поетско остварување  по повод „Месецот на книгата “ во 1969 година.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 50 години од творештвото организира Книжевна средба со Смиле Наумоски Брсјак, поет, писател и есеист од Охрид

Наумоски е добитник и на наградата „ Мајски средби “ – Кичево 1970 година. Учесник е на „Млада Струга “ на СВП. Добитник е на многу републички награди, учесник е на „Велестовските вечери“, основач е на литературниот клуб „Бигори“ при Културно – информативниот центар – Скопје и кум е на салонот 19,19. Смиле Наумоски – Брсјак пишува поезија, проза, есеи, книжевни критики. Објавувал во македонската книжевна периодика, а преведуван е на повеќе балкански јазици. Автор е на стихозбирките: „Елементи “ ( Книжевна младина на Македонија, 1978 ) за која ја добива наградата  за најдобра поетска збирка од млад поет на СВП. Следуваат:  „Ковачница “ ( Независни изданија – Охрид , 1992 ) и „Ѕунки“  ( Мацедонија Прима , 1996 ). Во 2001 ја издава стихозбирката „Небесна свадба“ поетски избор  во издание на книгоиздателството „Штрк “,  „Девојката со флејта“ 2000 и „Забранета книга “2011  и обете во издание на „Арлекин“.Наумоски е автор и на романот за деца „Новиот ден“ промовиран во мај 2016. Член е на ДПМ од 1994 год.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 50 години од творештвото организира Книжевна средба со Смиле Наумоски Брсјак, поет, писател и есеист од Охрид