5 декември, 2019 г.
И оваа учебна година ФОН – Факултет за странски јазици – Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја продолжуваат воспоставената соработка и заеднички од вчера започнаа да ја дисперзираат по основните училишта во Охрид.
Под наслов: „Да го поттикнеме говорно – јазичниот развој кај децата, свесноста за изразните можности“ вчера се одржаа првите пет Работилници со деца од прво, второ и трето одделение во ОУ „Ванчо Николески“ -Лескоец.
На часот по англиски јазик студенти од Факултетот за странски јазици во Струга со својот ментор м-р Габриела Неделкоска и предметната наставничка Дијана Димитрејевска се дружеа со децата и заеднички усвојуваа нови знаења.
Целта е низ интерактивна игра да се поттикнат јазичните активности за развивање читачки вештини, односно усвојување на вокабулар на игрив начин, прилагоден за возраста на учениците.
Оваа соработка ќе трае до крајот на учебната година и амбициите се покрај со најмалите да се направат и работилници со ученици од шесто до деветто одделение.
Во рамките на работилниците ќе има повеќе активности како на пример: составување на приказна по слики, пазли, бинго и многу други забавни задачи.
Од ваквата соработка ќе има и други бројни придобивки како што се развивање на општествената одговорност кај вклучените институции, воедно можност за учесниците практично да ги применат.